Подобро е да твориме и бидеме критикувани отколку да седиме на страна и да ги критикуваме оние кои творат. Се разбира, поентата и не е во тоа да им се допаднеме на другите, секогаш ќе постојат луѓе кои ќе не сакаат или нема да не сакаат, од различни причини. Затоа, бидете тоа што сте, ослободете го сопствениот потенцијал преку личниот раст и развој, тоа е најубав подарок за овој Универзум. Сакате да научите како? Се наоѓате на вистинско место за тоа. Сигурно место.
Моето среќно место. Дали и вие имате омилено место на кое одите кога сакате да се одморите, да се опустите, да научите нешто ново? Брзиот начин на живот и неизвесноста создаваат стрес, најмалку време ни останува за грижа за себеси.
Нека ова стане Вашата оаза, сигурно место на добра волја и добра енергија, место каде ќе се смееме заедно, ќе плачеме, ќе бидеме лути и разочарани, место каде ќе раснеме, ќе се развиваме и стануваме подобри од ден на ден. Верувам дека ќе ги пронајдете содржините кои ќе ве заинтересираат, инспирираат и ќе ви помогнат да го подобрите квалитетот на животот. Ги споделувам исклучиво своето искуство, сопствените увиди, техники кои мене ми помогнаа да станам подобра личност. Исто така, верувам и во концепт на учење до крај на животот, long life learning. Душата нема рок на траење а и животот станува здодевен и монотон кога немаме нови предизвици. Секогаш има место за подобрување, надворешниот свет и своето опкружување честопати не можеме да смениме, но затоа себеси секогаш можеме. И сега сум на едукација, во своите таканаречени „зрели години“. Повеќе во врска со мене и со мојот животен пат можете да прочитате овде.
Честопати ми се случува да поради различни околности немам со кого да го споделам она што ми лежи на душава. И да не се лажеме, не е се за сечии уши, постојат и недобронамерни поединци кои ќе го искористат кажаното како материјал ѕа озборување, можеби и ќе ве исмеат, омаловажат или осудат. Поради тоа и се роди идејата за Засолниште, сигурно место за споделување, дружба, поддршка и помош. И идеите како да го уредам местово уште пристигнуваат. Важно е да се тргне, чекор по чекор и ќе видиме каде ќе не однесе патот.
Добредојдовте. И, да тргнеме….
Uspješno ste poslali poruku. Hvala!