Како прво, среќен празник на сите кои слават.
Ние можеме да веруваме или не веруваме во настаните опишани во Библијата – Исусовото распнување и воскресение на третиот ден. Но, овој празник сигурно има своја симболика која би сакала да ја истакнам. Исус кажа: “Јас сум патот, вистината и животот” и овој настан треба да се гледа од таа гледна точка, како пример за надминување на тешки времиња.
Болката, страдањето и мачењето низ кои помина, тридневно “повлекување” во длабочините на (сопствениот) пекол и воскресение во славата и радоста на новиот живот. Нека овој пример и оваа слика бидат врежани во нашите мисли кога ќе дојде Голготата, ајде стоички да ја издржиме, да се повлечеме и да се пресобереме, да ги отвориме вратите на нашиот пекол и да се ослободиме себеси, за да можеме така зајакнати и воскреснати да продолжиме да живееме во радост и славење на постоењето. Смртта е илузија, најголема од сите.
На сите нас ни посакувам воскреснување на вистинските вредности, подобри и поисправни животни избори, па дури и клишето – Мир во светот, кој ни е и тоа како потребен денес, во лудилото што се случува.
Христос воскресна.