Скоро е 11 часот навечер, работно поминат првомајски ден. И тоа не ми беше по волја, посакував да го поминам многу попријатно, со блиски луѓе, по можност некаде во природа, а не затворена во канцеларијата. Но.. Знаете како се вика, не не прави нервозни настанот сам по себе, туку како го доживуваме. А јас денешниот ден не го восприемив најсреќно.
Многу техники на само-развивање служат токму за прифаќање на ситуациите, за прифаќање на реалноста каква што е. Се чини дека со текот на времето станавме експерти во прифаќањето на неприфатливото, анестезирајќи се себеси за болката на секојдневниот живот до граница на затапеност. А не треба да се живее така. „Трпеливиот ќе се спаси, “замолчи, може да биде и полошо”.. додека како зомби се движиме наоколу. Секако, добро е и потребно да се види и прифати она што е, но тоа не треба да биде крај, туку почеток на дејствување и напори да се промени нешто.
Бидејќи добивам многу лимони од мојот живот, ми здодеа од правење лимонада. Јас не ни сакам лимонада. Дури ни лимон. Време е да нарачам друго овошје од животот. Послатко и повкусно.