Љубов спрема себеси

weighing-scale

Ова утро стапнувам на скалата, која, секако, не ја покажува бројкаата која сакам да ја видам. И за секунда, незадоволството од себеси почнува да расте. Па, јас не сум во можност ни тоа да го постигнам. И потоа на сцена стапува вртлогот на мисли во мојата глава, со што се не сум задоволна во мојот живот, кои се моите порази и неуспеси… до точка на самоомраза.

Повеќе не се борам со овие мисли, порано ги потиснував затоа што е многу важно да се имаат само позитивни мисли, зарем не? Па.. тоа и не е најсреќното решение. Тие не можат да бидат уништени и потиснати, само заменети со поконструктивни мисли кои и служат на целта која сакаме да ја постигнеме. Треба да се преиспитаат постоечките мисли и заменат со нови. Звучи едноставно.

И така, кога станав свесна за канонадата на негативност со која се обсипвам, се прашав дали би му кажала такво нешто на мојот пријател, познаник? Секако не би го сторила тоа. Со што јас заслужувам да си се третирам себеси полошо од било кој друг во мојот живот?

И доаѓаме до прашањето за љубовта кон себеси. Или почитта, поддршката, емпатијата… Постојаната критика која си ја испраќаме “по дифолт” секако не е показател за себесакање. И тоа е научено однесување, веројатно на овој начин некој се обидувал нас да нè охрабри да бидеме подобри, не споредувале со другите – погледнете како тој и тој може да го направи тоа, зошто ти не? И потоа критики, критики, критики. Простете им, не знаат што прават. Критика – пофалба… тема за друг пат.

Елем.. Моите неколку килограми “вишок” станаа предизвикувач да се запрашам себеси – вишок според чии стандарди? Живееме во субјективен свет, така што и значењето кое го даваме на нашата тежина е – субјективно. Дали ми е целта да се сакам себеси или само да најдам некаков изговор за самокритика и омаловажување? Ќе биде дека е второто. Зошто е така? Додека размислувам за тоа и се обидувам да најдам објаснување за феноменот, се чувствувам се подобро и подобро. Се чини дека е доволно само да се стане свесен за шемата – програмата на несакање себеси. Така сум навикната.

Поздрав пристап е да се преземат чекори за отстранување на проблемот (колку сериозно ова звучи) наречен прекумерна тежина. И секој друг проблем. Без критика или омаловажување, едноставно тоа да биде поттик за напредокот и растот. Ако се чувствувате инфериорни во некој сегмент од животот – направете нешто во врска со тоа. Но само поради себе. Не за да ги исполните нечии стандарди за убавина или успех. Сите овие се субјективни и релативни работи. Можете да станете “убави” според актуелните модни трендови и повторно да се почувствувате мизерно.

Тоа е љубов кон себе и својот живот – да ги следиме импулсите на душата и да напредуваме кон идеалното “јас” како што го замислуваме. Како би се однесувала таа личност, како би изгледала, што би направила? Сакајте се себеси и својот живот толку многу да бидете воодушевени од себеси и од секој напредок на патот кон сопствената реализација. Покажувајте љубов кон себеси со секој избор во животот – почнувајќи од храната, физичката активност, луѓето со кои се опкружуваме, работата која ја избираме. Ние сме вредни за сè најдобро.. а и тоа е тема за друг пат.

Uspješno ste poslali poruku. Hvala!

Logo-site
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.