Воскресение

Како прво, среќен празник на сите кои слават. Ние можеме да веруваме или не веруваме во настаните опишани во Библијата – Исусовото распнување и воскресение на третиот ден. Но, овој празник сигурно има своја симболика која би сакала да ја истакнам. Исус кажа: “Јас сум патот, вистината и животот” и овој настан треба да се гледа од таа гледна точка, како пример за надминување на тешки времиња.
Ден на трудот

Скоро е 11 часот навечер, работно поминат првомајски ден. И тоа не ми беше по волја, посакував да го поминам многу попријатно, со блиски луѓе, по можност некаде во природа, а не затворена во канцеларијата. Но.. Знаете како се вика, не не прави нервозни настанот сам по себе, туку како го доживуваме. А јас денешниот ден не го восприемив најсреќно.
Патоказ

Понекогаш во животот се наоѓаме во ситуација каде што не знаеме “што да правиме со себе”. Позната состојба за мене. Можам да сведочам дека ова им се случува на луѓе кои се задушени од рана возраст, строго воспитани да ги слушаат своите постари и да го прават само она што им е кажано. Задоволувањето на другите и послушноста стануваат програма која нè води низ животот, нашата сопствена волја и автентичност се длабоко потиснати и задушени, до точка да не можеме да одлучиме каде сакаме или не сакаме да одиме, што сакаме или не сакаме да правиме.
Љубов спрема себеси

Ова утро стапнувам на скалата, која, секако, не ја покажува бројкаата која сакам да ја видам. И за секунда, незадоволството од себеси почнува да расте. Па, јас не сум во можност ни тоа да го постигнам. И потоа на сцена стапува вртлогот на мисли во мојата глава, со што се не сум задоволна во мојот живот, кои се моите порази и неуспеси… до точка на самоомраза.